4. Кралот решил дека е време да ја омажи неговата ќерка и договорил натпревар помеѓу витези. Кандидатите поминале низ многу кругови и на крај останале само двајца. За да одлучи кој ќе ја добие ќерката, кралот наредил витезите да се качат на коњите и да галопираат до езерото - тој коњ што ќе стигне последен, ќе ја добие принцезата.
Витезите се качиле на коњите и јавале бавно кон езерото. Тие јавале цела недела бидејќи никој не сакал да биде прв. На крај, се симнале од коњите, се ракувале и одлучиле да си одат. Но, принцезата дотрчала и им шепнала нешто на двајцата. Двајцата витези повторно се качиле на коњите и почнале да јаваат најбрзо што можат до езерото. Што им кажала принцезата?
ОдговорПринцезата им кажала на витезите да си ги заменат коњите, бидејќи кралот рекол дека коњот кој ќе стигне последен ќе ја добие принцезата, а не витезот. Па така, тие почнале да се тркаат бидејќи тој што ќе стигне прв, неговиот коњ всушност ќе биде последен и победничкиот витез ќе ја добие принцезата.
5. Одејќи низ шумата едно момче забележало напуштена колиба и решило да влезе внатре. Откако го поминало прагот, вратата треснала и се затворила, а куќата се затемнила. Момчето посегнало по прекинувачот на ѕидот, но немало струја. Потоа се слушнал страшен глас кој му кажал дека за да ја напушти колибата мора да помине низ една од 3-те врати, а зад секоја од нив се крие нешто смртоносно.
Зад првата врата имало илјадници отровни змии кој може да го убијат, зад втората врата имало електрична столица која може веднаш да го усмрти момчето, а зад третата врата имало лав кој не јадел долго време и би го изел него. Како момчето може безбедно да излезе од куќата?
ОдговорЗа момчето безбедно да излезе од колибата треба да помине низ вратата каде се крие електрична столица - бидејќи во куќата нема струја, столицата нема да може да го усмрти момчето.