Загатка за бистар ум: Која снегулка не припаѓа на сликата?
Додека сме во очекување на првиот вистински снег за оваа сезона, тоа не значи дека не може да се позабавуваме со него, па макар и преку цртеж.
Станува збор за мини зимска загатка, која ќе ви го разбуди умот, но и покаже колку сте брзи во воочувањето детали.
Во реалноста, сите снегулки имаат посебна форма. Во овој случај, пак, девет се исти, а една не. Можете ли да ја откриете натрапничката?
На прв поглед, десетте снегулки на цртежот изгледаат идентично. Сепак, ве уверуваме дека една од нив се разликува од останатите.
Погледнете ја добро секоја поединечно (1-10), снегот кој паѓа околу нив, па дури и боите, доколку ви е од полза. Но, бидете што побрзи...
Ја забележавте ли снегулката која не припаѓа на сликата?