Ќе ја решите ли детективската задача, забележувајќи само еден детаљ?

Мало размрдување на мозокот на празнична тема. За момент станете инспектор и обидете се да ја решите оваа мистерија.

ke-ja-resite-li-detektivskata-zadaca-zabelezuvajki-samo-eden-detalj-1.jpg

Еден инспектор бил на должност за време на новогодишните празници и утрото на 1-ви јануари добил повик. Отишол до адресата која му била кажана, а вратата му ја отворил еден поспан маж.

Инспекторот се претставил и ја објаснил ситуацијата:

„Ќе морам внимателно да го истражам вашиот стан. Вашиот сосед рече дека синоќа, на новогодишната забава, дошол во вашиот стан. И додека тој пеел празнични песни заедно со вашето семејство покрај вашата новогодишна елка, која светела во шарени бои, вие сте му упаднале во станот и сте му украле бројни вредни предмети.“

Мажот одговорил:

„Не е вистина! Новата година ја дочекавме во стан на еден мој пријател. Отидовме кај него попладнето, едвај имав време да ја накитам елката пред да излезам од дома. Се вративме дома доцна по полноќ и веднаш легнавме да спиеме. Ако сакате, ќе ја разбудам сопругата да ви ја потврди приказната.“

„Нема потреба, кога ќе разгледам подобро,“ го прекинал инспекторот. „Сосема е очигледно и јасно дека вашиот сосед лаже.“

Како инспекторот открил толку брзо?

Одговорот откријте го на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Логичка загатка: Колку луѓе отишле на пикник? Дали логиката ви е силна страна или не ви оди од рака? Ако вашиот одговор е „да“...
Логичка загатка: Зошто годините на Никола одат наназад? Дали сметате дека логиката ви е силна страна? Ако одговорот е „да“, оваа загатка...
Логичка загатка: Кој куфер кому му припаѓа? Оваа лесна логичка загатка би требале да ја решите за само неколку секунди. Може...
Загатка за умни глави: Поместете едно чкорче и добијте точно равенство Дали математиката ви е силна страна? Ако да, тогаш сигурно оваа загатка ќе ви се...
Трик прашање за најумните глави: Како е можна ваква ситуација? Дали вашиот мозок секогаш има решение за сè? Дали така ќе биде и со ова трик пра...
Математичка задача е хит на социјалните мрежи – Колку време ќе ви треба за да ја решите? Да не се лажеме, задачава не е воопшто лесна. Колку време ќе ви треба да ја реши...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg