Загатката која ги разбранува социјалните мрежи: Кога ѝ е роденден на Шерил?

Оваа математичка загатка објавена е од страна на ТВ презентерот од Сингапур, Кенет Конг, на неговата Фејсбук страна. За само неколку дена, загатката стана вирална сензација и сите љубители на загатките се прашуваат: Кога ѝ е роденден на Шерил?

zagatkata-koja-gi-razbranuva-socijalnaite-mrezi-koga-i-e-rodenden-na-sheril-01.jpg

Загатката била поставена како прашање на Азиската училишна математичка Олимпијада, па е прилично тешка за решавање. Можете вие да ја решите?

Алберт и Бернард само што станале пријатели со Шерил. Сè уште се запознаваат, па решиле да ја прашаат Шерил кога ѝ е роденден.

Девојката одбила да им одговори, наместо тоа, им предложила мала загатка. Им дала листа од 10 можни дати:

15-ти мај, 16-ти мај, 19-ти мај

17-ти јуни, 18-ти јуни

14-ти јули, 16-јули

14-ти август, 15-ти август, 17-ти август

„На еден од овие датуми, со сигурност ми е роденден  и на секој ќе му дадам по една информација. Одвоено!“.

На Алберт му го шепнала месецот во кој е родена, а на Бернард, денот на кој е родена.

Кога ги прашала дали некој ќе погоди кога ѝ е роденден, Алберт рекол: „Не знам кога ти е роденден, но едно нешто знам, ниту Бернард не знае кога ти е роденден“.

Бернард рекол: „Прво не знаев, но сега знам“.

Алберт изјавил: „Па, сега и јас знам“...

Можете да откриете вие кога ѝ е роденден на Шерил?

Одговорот е на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Загатка за остроумни: Што сме ние? Размислете добро и не се откажувајте. Потребно е да размислите малку „надвор од ...
Логичка загатка: Колку луѓе отишле на пикник? Дали логиката ви е силна страна или не ви оди од рака? Ако вашиот одговор е „да“...
Логичка загатка: Кој од трите пара се брат и сестра? На илустрацијата пред вас има три пара, но само еден од нив се брат и сестра... ...
Логичка загатка: На која страна ќе падне јајцето? Дали ви е логиката силна страна или не? Оваа загатка не би требало да ве измачи,...
Трик прашање за умни глави: Како издржал човекот? Дали вашиот мозок секогаш има за сè решение? Дали така ќе биде и со ова трик пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg