Загатката која ги разбранува социјалните мрежи: Кога ѝ е роденден на Шерил?
Оваа математичка загатка објавена е од страна на ТВ презентерот од Сингапур, Кенет Конг, на неговата Фејсбук страна. За само неколку дена, загатката стана вирална сензација и сите љубители на загатките се прашуваат: Кога ѝ е роденден на Шерил?
Загатката била поставена како прашање на Азиската училишна математичка Олимпијада, па е прилично тешка за решавање. Можете вие да ја решите?
Алберт и Бернард само што станале пријатели со Шерил. Сè уште се запознаваат, па решиле да ја прашаат Шерил кога ѝ е роденден.
Девојката одбила да им одговори, наместо тоа, им предложила мала загатка. Им дала листа од 10 можни дати:
15-ти мај, 16-ти мај, 19-ти мај
17-ти јуни, 18-ти јуни
14-ти јули, 16-јули
14-ти август, 15-ти август, 17-ти август
„На еден од овие датуми, со сигурност ми е роденден и на секој ќе му дадам по една информација. Одвоено!“.
На Алберт му го шепнала месецот во кој е родена, а на Бернард, денот на кој е родена.
Кога ги прашала дали некој ќе погоди кога ѝ е роденден, Алберт рекол: „Не знам кога ти е роденден, но едно нешто знам, ниту Бернард не знае кога ти е роденден“.
Бернард рекол: „Прво не знаев, но сега знам“.
Алберт изјавил: „Па, сега и јас знам“...
Можете да откриете вие кога ѝ е роденден на Шерил?
Одговорот е на следната страна...