5 задачи од кралот на загатките: Колку ќе успеете да решите?
Популарниот математичар Мартин Гарднер осмислил 5 загатки кои моментално ќе ви ја подобрат работата на мозокот.
Затоа, ви ги поставуваме како предизвици за ментална рекреација:
1. Нацртајте една линија со која сликата ќе ја поделите на два еднакви дела. Линијата не мора да биде праволиниска.
2. Имате 10 црвени и 10 сини чорапи кои се наоѓаат во фиока. Овие 20 чорапи се разликуваат само по бојата. Но, во собата е темница, а вие сакате да облечете пар со иста боја. Колку чорапи мора да извлечете од фиоката за да бидете сигурни дека ќе ги спарите боите правилно?
3. Имате 2 идентични шрафа. Ако со палците ги ротирате како што е прикажано на сликата, во кој правец ќе се движат?
а) Шрафовите се оддалечуваат еден од друг
б) Шрафовите се приближуваат еден до друг
в) Шрафовите остануваат во место
4. Користејќи ја основата на геометријата, докажете дека аголот C е еднаков со збирот на аглите A и В.
5. Една од овие спирали е формирана од само еден коноп кој е споен на самиот крај. Другата спирала е формирана од два конопи кои се споени на своите краеви.
Можете да распознаете која е формирана од 1, а која од 2 конопи?
Помош: Пробајте линиите да ги следите со молив или некој тенок предмет.
Кога ќе се откажете, ршенијата откријте ги на следната страна...