Логичка загатка: Со кој прекинувач ќе ја вклучите сијалицата?
Во соба на кат има една сијалица, а вие сте долу, до панелот од 3 прекинувачи и сите 3 се исклучени. Само еден од нив ја контролира сијалицата. Другите две не прават ништо.
Ваша задача е да откриете кој прекинувач ја регулира светилката, но со неколку ограничувања:
1. Можете да ги исклучувате и вклучувате прекинувачите колку пати сакате.
2. Откако ќе завршите и ќе се изморите од вклучи-исклучи, смеете да се качите и да ја проверите сијалицата.
3. Не смеете да се качите и симнете повеќе од еднаш.
4. Не можете да видите од местото каде што стоите дали сијалицата е вклучена или исклучена.
Значи, стоејќи долу до прекинувачите, со едно качување и симнување, како ќе откриете со кој прекинувач се контролира сијалицата?
Ги очекуваме вашите одговори во коментарите.
Во случај да се откажете, точниот одговор се крие на следната страна.