Загатка за остроумни: Колку јајца имате?
Точниот одговор е 7.
Објаснување:
Вие имате 4 јајца. Крадецот ви дава 3, по што ќе имате 7 јајца.
Некои велат дека точниот одговор е 12, односно, вашите 4 јајца + 3 јајца од крадецот + 5 јајца од петелот.
Но, петелот не несе јајца, што значи дека тие 5 јајца се всушност погрешна констатација, наменета да ве збуни.
Има и такви кои сметаат дека точниот одговор е 1. Во нивната логика е точно дека петелот не несе јајца, па тие 5 јајца од петелот не ги ставаат во пресметката.
Наместо да ги соберат 4-те јајца што ги имате со 3-те јајца што ви ги дал крадецот, тие ги одземаат, сметајќи дека крадецот ги украл јајцата и стигаат до бројот 1.
Но, и тука зборот „крадец“ е ставен за да ве замисли и збуни - не е важно што се работи за крадец, тој сепак ви ги дава јајцата, па 4 + 3 = 7.
А. Ј. | Црнобело