Вирална дебата: Дали гледате нешто повеќе во логото на Тоблероне освен планина?
Мало дете кое првпат пробало Тоблероне видело нешто во логото што повеќето од нас цел живот не сме го забележале... На колку години вие дознавте дека логото крие и мечка?
Логото на едно од омилените чоколади, Тоблероне, е добропознато и претставува швајцарска планина.
Но, во логото е скриена и мечка, за која ретко кој знае дека постои и некогаш ја забележал.
На Твитер се води дебата за тоа на колку години луѓето сфатиле дека има мечка, откако една мајка сподели разговор со нејзиниот син:
Син ми денес го доби првото Тоблероне.
„Што означува мечката?“ – ме праша.
Јас: Која мечка?
На мојата денешна возраст сфатив дека има мечка во логото на Тоблероне.
?lang=en
А вие? На колку години сфативте? Или уште не можете да ја пронајдете?
Погледнете на следната страна ако уште не ја најдовте мечката...
Би можело да ве интересира:





