На просечен човек му треба 21 секунда, на генијалец 15 – за колку време ќе ја решите загатката?
По повод денот на кучињата (26.08), направена е визуелна загатка која за многумина е вистински предивик. На илустрацијата е прикажан парк со многу големи кучиња, а меѓу нив се крие едно малечко - ќе го најдете ли?
Вашата задача е да го најдете малото кученце. Иако можеби изгледа едноставно, на најбрзата личност ѝ биле потребни 15 секунди да го пронајде малото кутре помеѓу големите.
Загатката е дело на компанијата за храна за кучиња Natures Menu и според нив, на просечната личност ѝ се потребни 21 секунда за да дојде до решението.
Неодамна се појави сличен предизвик од компанијата Holiday Extras каде што на слика со куфери треба да најдете тостер. Според експертите, на луѓето во просек им се потребни 43 секунди да дојдат до решението. Можете ли да го најдете побрзо?