Тест од 30 секунди: Оптички илузии откриваат дали сте под стрес
Во денешно време, со брзото темпо на живот, ретко се наоѓа некој кој не е под стрес.
Но, важно е колкаво е нивото на стрес, бидејќи доколку тоа е мало, нема зошто да паничите.
Досега сме зборувале за симптоми кои укажуваат на стрес, но дали знаете дека и оптичките илузии можат да ви помогнат да го откриете тоа?
Сѐ што треба да направите е да погледнете во овие 5 оптички илузии, што нема да ви одземе повеќе од 30 секунди.
Погледнете ги сите слики и под нив причитајте го толкувањето што ќе ви открие дали сте под стрес според тоа што сте го виделе.
Толкување:
Ако сликите ги гледавте како статични – нивото на стрес во вашето тело е многу ниско и нема зошто да се грижите.
Ако сликите ги гледавте како бавно да се движат – нивото на стрес е на просечно ниво, што е нормално кај секој човек. Треба да одморите и добро да се наспиете.
Ако сликите ги гледавте како брзо се движат – тогаш ситуацијата е алармантна и покажува дека претрпувате голем стрес. Треба значително да го намалите стресот и долго да одморите.
М. М. | Црнобело