Оптичка илузија на која секоја линија е иста - Не верувате?

Оптичката илузија на јапонскиот илузионист и истражувач Кошке Такахаши остави илјадници луѓе да се чешаат за главата и да се посомневаат во своите очи.

opticka-iluzija-na-koja-sekoja-linija-e-ista-ne-veruvate-01.jpg

На прв поглед, веројатно гледате брановидни и цик-цак линии, кои наизменично се менуваат.

Но, што ако ви кажеме дека цик-цак линии не постојат на илустрацијата?

opticka-iluzija-na-koja-sekoja-linija-e-ista-ne-veruvate-02.jpg

Токму затоа оптичката илузија го добила името искривено слепило.

Јапонскиот илузионист објаснува: „Очите може да ви се прелажани заради шемата на бои и нијанси. Тука не постојат цик-цак линии. Вашите очи ги измислуваат закривувањата заради подлогата на која линиите се наоѓаат. Реално, сите линии се брановидни и со идентична големина и форма. Нема триаголници и агли какви што првично видовте.“

Обидете се да се фокусирате на линиите само на една подлога. Пример, подолго време гледајте ги линиите во горниот бел агол. Ќе разберете за што зборуваме.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тежок визуелен предизвик: Пронајдете го авионот што лета во спротивен правец од останатите На илустрацијата пред вас има неколку стотина авиони. Сите тие летаат „нанадвор“...
Оптичка илузија: Колку кругови има на илустрацијата? Многу луѓе не можат да дадат точен одговор на ова прашање, но дали ќе ви успее в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg