Тест за очи и нерви: Пронајдете ја рибата во океанот
Можеби има многу риби во морињата и океаните, но на оваа фотографија има само една која плива во водите и можеме да кажеме дека е тешко да се пронајде!
Унгарскиот карикатурист, Дудолф, нацртал слика од океан исполнет со морски ѕвезди, морски коњчиња, школки и октоподи, но скрил и една риба која треба да се пронајде.
Се наоѓа помеѓу целиот морски свет, животинчиња, алги и брод, но најверојатно ќе ви треба малку повеќе време да ја најдете.
Љубителите на ваквите загатки имаат поделени мислења – некои велат дека е потешка од останатите и им требало повеќе време, а пак поискусните кажуваат дека брзо ја нашле рибата.
Разгледајте ја добро фотографијата и обидете се да ја пронајдете скриената риба.