Само најупорните ќе видат гола жена на фотографиите

Шминкерите Леони Гене и Јерг Дистеволд соработувале со фотографите Лејла Преглицер и Уве Шмида за неверојатниот уметнички проект, именуван како „Метаморфоза“.

mozete-da-otkriete-kade-se-skrieni-lugjeto-na-ovie-fotografii-01.jpg

Во овој проект на фотографиите можете да видите како човечкото тело целосно се трансформира преку боење за да се претопи во природата која се наоѓа околу него.

За фотографиите не бил употребуван Фотошоп, туку моделите биле целосно цртани на локацијата каде се правени фотографиите за прецизно да се погодат боите на телото со средината во која се наоѓа моделот.

„Нашите фотографии имаат за цел да ве натераат да ја погледнете човековата фигура како дел од природата“ - велат артистите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Пронајдете само една грешка на сликата Грешката на оваа илустрација се наоѓа толку лесно, што сигурно ќе ја забележите ...
Визуелен тест: Ќе успеете ли да ја пронајдете лопатката на плажата за 4 секунди? Дали имате способност за брзо забележување на детали? Тестирајте се со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg