Конечно објаснето зошто халуцинираме: Го гледате ли бебето на сликата?

Научниците ја користат оваа црно-бела слика за да откријат како настануваат халуцинациите. Иако на прв поглед делува како еден куп расфрлани дамки, сепак ако подобро загледате, ќе видите бебе.

konecno-objasneto-zosto-halucinirame-go-gledate-li-bebeto-na-slikata-01.jpg

Тие сметаат дека халуцинациите од ваков тип може да бидат предизвикани од природни процеси, односно дека мозокот го гледа светот онака како што го замислил.

Сликите и звуците кои не постојат секогаш може да бидат надополнети со претходно искуство - очекување нешто да видите или слушнете, тврдат научниците од Кардиф и Кембриџ.

Истражувачите сметат дека халуцинациите се јавуваат како последица на нормалната потреба мозокот да ги пополни празнините во меморијата, па смислиле неколку црно-бели слики кои им ги дале на 18 различни луѓе за да ја тестираат својата претпоставка.

Откако им биле поделени црно-бели слики слични на оваа со бебето, на почетокот речиси сите имале потешкотии да видат што се наоѓа на нив. Но, откако им е покажана оригиналната фотографија што треба да видат, воочувањето потоа било многу полесно.

Луѓето пак кои имале разни знаци на психоза, имале многу подобри резултати на тестот.

Истражувањето ја потврдило теоријата дека сите ние имаме потреба да ги направиме работите „веќе смислени“, па сликите и звуците кои реално не постојат лесно може да бидат произведени со погодување или очекување во нашиот мозок.

Дали и вие видовте бебе затоа што тоа требаше да го видите? Или гледате нешто сосема друго?

Би можело да ве интересира:

Што не е во ред со одморот на овој заљубен пар? Пар во бикини, ужива на одмор покрај базен, но иако личат среќно, нешто не е во ...
Логичка загатка: Кој лаже? Ивана ја боли стомакот, Оливера има скршена нога, а на Мартин му е скршена ракат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg