Што ќе видите прво открива: Колкава е вашата емоционална интелигенција?

Трева

Доколку прво ја забележавте тревата, тогаш сте личност која им се восхитува и се грижи за луѓето кои се присутни во вашиот живот.

Вие многу се грижите за нив и некои од нив добро го знаат тоа, додека другите навистина не го забележуваат. Но, тоа е во ред. Она што вам ви е важно е дека тие се добро и вие не барате никаква заслуга за ништо.

Меѓутоа, има еден проблем – премногу сте насочени кон тревата што не ја забележувате шумата којашто расте зад неа. Ви недостасува објективност. Како личност, вашата емоционална интелигенција не е премногу силно изразена, но имате неколку силни страни.

За разлика од многу луѓе, вие не се плашите да побарате помош кога ви е потребна. Луѓето се повеќе подготвени да ви помогнат токму поради оваа ваша особина.

Девојка

Доколку прво ја забележавте девојката, тогаш сте тип на личност што ги става проблемите и чувствата на другите луѓе пред сопствените.

Вашата емоционална интелигенција е навистина длабока и вие сте способни да сочувствувате со другите. Свесните сте за вашата остра емоционална интелигенција и не ви пречи да се потпрете на неа секогаш кога сте во емотивно тешка ситуација.

Меѓутоа, доколку продолжите да ги ставате туѓите потреби и желби пред вашите и навистина не се грижите за тоа што вам ви е потребно, тоа може целосно да ве исцрпи.

Ќе се изгубите себеси и ова може да биде доста фрустрирачко. Навистина треба да бидете внимателни кога ја трошите својата енергија за некој друг – проверете ги вашите емоции и бидете сигурни дека не вложувате повеќе отколку што е потребно.

Огледало

Доколку прво го забележавте огледалото, честитки, вие сте личност со огромна емоционалната интелигенција и тоа е одлична особина.

Сепак, огледалото претставува нешто што не е баш добро, барем во реалниот свет. Огледалото ја отсликува вашата сопствена слика. Но, вие неретко ги рефлектирате туѓите емоции врз себеси и добивате искривена перцепција за сопствената личност.

Доколку некој е тажен ќе започнете да се анализирате себеси за да откриете дали можеби вие сте причината за нивната тага. Ако некој е бесен, вие на некој чуден начин се обидувате да откриете дали и како сте го налутиле.

Но, мора да сфатите дека немате никаков удел во ова, вашата способност да ги читате емоциите на другите луѓе не значи дека сте ги предизвикале истите.

Направете чекор назад и престанете да си плетете приказни како сè се врти околу вас.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на личноста: Дали лесно ги покажувате емоциите или сте емотивно затворени? Дали прво видовте профил на жена или гранки од дрвја кои се свиткани поради вете...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Тест на потсвеста: Првата работа што ќе ја видите открива дали сте под стрес (и како да го намалите) Дали прво видовте силуета на жена и дрво, или лик на маж, кој неодоливо потсетув...
Оптичка илузија: Првата работа што ќе ја видите открива какви сте во врските Дали прво видовте лик на жена или птици? Одговорот ќе ви открие какви сте во врс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg