Што видовте прво – очила или песочен часовник?
Очила
Очила гледаат луѓето кои животот го сметаат како вечен натпревар сами со себе, преку константна едукација и развој. Имате голем круг на познаници и пријатели и уживате во добрата репутација и статус. Но, сфаќањето на животот претерано сериозно ви создава анксиозност и стрес.
Портокалов песок
Песок гледаат оптимистите кои се познати по добриот хумор и во секоја ситуација може да ги надмудрат другите со своите брилијантни идеи. Важно е само да не ги игнорирате важните аспекти од животот за сметка на забавата и безгрижноста.
Песочен часовник
Песочен часовник гледаат луѓето кои го пронашле балансот во својот живот. Ја цените одговорноста. Луѓето ве гледаат како несебични, па честопати се потпираат на вас за сите можни проблеми и совети.
М. Д. | Црнобело