Тест: Што кажува начинот на кој плачете за вашиот карактер?

Дали плачете гласно со солзи како река, дали се обидувате да ги сокриете солзите или пак цимолите?

test-shto-kazuva-nachniot-na-koj-plachete-za-vashiot-karakter-01.jpg

Плачењето е сосема природна работа. Животните ситуации влијаат на нас, изразуваме емоции и човечки е понекогаш да се расплачеме.

Солзите ни ја чистат душата и прават да се чувствуваме живи.

Начинот на кој плачете говори многу за вашиот карактер:

Гласно плачење

Дали кога плачете плачете како бебе, гласно и од срце, со солзи кои се слеваат како река по вашето лице, носот започнува да ви тече, а го губите гласот?

Вие сте емотивна личност со невина душа, која длабоко ги чувствува емоциите и отворено ги изразува. Кажувате што мислите и како се чувствувате.

Не собирате маки во себе и не ви е проблем дури и пред луѓе да ги покажете вашата лутина, бес, немоќ или пак среќа, возбуда и радост.

Испрекинато плачење

Дали плачете и се жалите паралелно, дали почнувате да плачете, па сопирате зборувате за вашите неволји, чекате одговор, па плачете повторно?

Ако најчесто повеќе зборувате од што плачете во екот на емотивната бура, тогаш вие сте личност што сака да се жали. Не барате решенија и постојано ги прекинувате луѓето кога ви нудат решенија само за да продолжите со своето темпо на плачење.

Ова не е здрав начин на изразување на емоциите. Луѓето ќе го забележат тоа и ќе престанат да ги слушаат вашите жалби и поплаки.

Цимолење

Дали плачете некако половично, плачете, па се обидувате да се сопрете, дали ви се случува да не сакате воопшто да ги покажете емоциите, но не можете да се сопрете кога имате налет на чувства?

Вие сте личност која сака да ги задржи емоциите за себе, но емоциите понекогаш се посилни од вас. Тие излегуваат на површина затоа што вие сте искрени по природа и лесно може да ве повредат.

Лојалноста ви значи многу и разочарувачките постапки на блиски луѓе многу длабоко ги чувствувате.

Тивко плачење

Дали кога плачете солзите сами ви се слеваат по образите, но никаков звук не излегува од вашата уста, дали го чувствувате вкусот на солзите и не можете да ги сопрете, дали зацрвенетите очи говорат повеќе за вашето плачење од вашата уста?

Вие сте личност со силно чувство за индивидуалност. Често ги контролирате вашите емоции и дури и кога срцето ви е скршено не се жалите. Можете да поднесете многу и тоа со достоинство.

Можеби плачете тивко, но ехото на вашата тишина говори посилно од лелеците. Тоа е знак за топло срце.

Плачење без солзи

Кога чувствувате дека ви се плаче дали пукате однатре, но солзите не протекуваат од вашите очи, сакате да врескате затоа што срцето ви е растргнато, но очите ви остануваат суви, но нема емоции на вашето лице?

Вие сте личност која минала многу во животот и сега има проблем да ги покаже емоциите. Вие сметате дека вашата болка е само ваша и никој друг не може да разбере низ што минувате. Вашето срце зајакнува по секој животен предизвик и страдате во тишина.

Вие сте ретка личност и сите битки ги водите сами, без повик за помош.

Вештачко плачење

Дали често плачете за да постигнете нешто, дали сметате дека е корисно кога работите не одат по ваша желба да се обидете да ги поправите со солзи, дали сакате некого да натерате на нешто со плачење?

Вие сте личност што е добар манипулатор. Ја знаете моќта на солзите и ја користите како алатка за остварување на желбите и добивање предност. Ова е знак дека сте личност во која луѓето не можат да имаат доверба во животот.

Иако, изборот да го користите плачењето како оружје е ваш, размислете дека еден ден кога навистина ќе плачете од срце луѓето нема да ве сфатат сериозно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Оптичка илузија: Првата работа што ќе ја видите открива какви сте во врските Дали прво видовте лик на жена или птици? Одговорот ќе ви открие какви сте во врс...
Одберете еден ангел и откријте каква скриена порака ви шепоти Се верува дека ангелите се гласници и на грчки и латински јазик, зборот означува...
Тест на личноста: Изберете еден прстен и дознајте го вашиот скриен талент Сите имаме по некој необичен, скриен талент, за кој, можеби и не знаеме дека го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg