Која напивка ви личи дека гарантира бесмртност?
Ако ја одбравте напивката под број 1...
Розовата напивка ве издава дека имате потреба за одмор и релаксација. Здосадена ви е рутината. Се обидувате најдобро што можете, но си го запоставувате здравјето и општо негата за себе. Секојдневно се соочувате со високо ниво на стрес, кое негативно се одразува врз менталното здравје. Дајте си неколку слободни денови. Патувајте. Правете било што, освен работа.
Ако ја одбравте напивката под број 2...
Зелената напивка значи дека она што сега ви е неопходно е промена. Секојдневието ве изморува и рутината ви е здосадена. Вметнете нешто ново во секојдневието, дури и да се работи за нова рута по која се движите или пробување на ново кафе со поинаков вкус. Било што. Дружбите со пријателите и запознавањето на нови луѓе исто така е добра идеја.
Ако ја одбравте напивката под број 3...
Портокаловата напивка значи дека во моментов ви треба љубов. Носталгијата и тагата ве имаат совладано и потребен ви е човек кој ќе ве натера да верувате во љубов. Обидете се да запознаете нови луѓе преку нови хобија и излегување на нови места. Одберете човек кој размислува слично со вас. Важно е само да не се враќате на старите грешки, само затоа што сте сами во моментот.
Ако ја одбравте напивката под број 4...
Сината напивка значи дека ви треба да се пронајдете себеси. Редефинирајте ги целите во животот, разговарајте со пријателите и надредените за да го пронајдете патот по кој сакате да се движите. Прифатете само почит и ништо помалку од другата страна. Не се плашете да истражувате и пробувате.
М. Д. | Црнобело