Најкраткиот психолошки тест - Што сакате, диња или лубеница?
Интерпретација на тестот:
1. Краставица и диња
Ваквиот одговор е типичен за мажите, повеќе отколку за жените. Мажите од овој тип се храбри и сериозни. Ретко паѓаат под влијание. Меѓу нив има многу спортисти и љубители на патувањето. Жените покрај таков маж се чувствуваат како да имаат цврста потпора - негова одговорност е да се грижи за семејните односи. Маани - му недостасува романтика.
Жените од ваков тип често стануваат шефови, но во семејниот живот се беспомошни, како деца: почесто не знаат да готват, не умеат да управуваат со семејниот буџет и не ги сакаат домашните обврски. Но, затоа пак, мажот секогаш ќе успее да го пронајде вистинскиот пријател кој е полн со разбирање за него, покрај ваква сопруга.
2. Домат и лубеница
Луѓето од овој тип секогаш се весели и активни. Комуникативни се, но многу често знаат да бидат и експлозивни, што понекогаш може да ги доведува до тоа да предизвикуваат драми. Мажите од овој тип се гурмани и прилично мрзеливи.
Жените од овој тип се емотивни, го сакаат својот дом и сакаат животни. Покрај нив секогаш е топло и пријатно. Не сакаат интриги, но затоа пак, секогаш го кажуваат тоа што им е на ум. Искреноста е главен квалитет на овој тип на луѓе.
3. Краставица и лубеница
Луѓето од овој тип постојано доживуваат ментални конфузии. Нивниот надворешен мир и воздржаност кријат зад себе голема напнатост. За таквите мажи може да се каже: „Мирна вода, брег рони“. Со таков човек живеете како на вулкан - никогаш не знаете што ќе се случи утре.
Жените од овој тип не се расправаат за секакви ситници, тие собираат информации, а потоа следат навредите. Но, затоа пак, се прилично креативни, а меѓу нив се кријат и многу научници и истражувачи.
4. Домат и диња
Луѓето од овој тип се урамнотежени, внимателни и мирни. Сакаат убави работи и имаат одличен вкус. Мажите од овој тип често се музичари, уметници, а најважно од сè луѓе со искуство.
Жените од овој тип лесно се заљубуваат, страствени се, но и постојани. Верни се, нежни и грижливи, за разлика од мажите кои почесто знаат да бидат себични и егоистични.
Најдобри бракови се склопуваат помеѓу:
Маж „Краставица и диња“ и жена „Краставица и лубеница“
Маж „Домат и диња“ и жена „Краставица и диња“
Маж „Краставица и лубеница“ и жена „Домат и лубеница“
Маж „Домат и лубеница“ и жена „Домат и диња“
Н. Г. | Црнобело