Краток тест: Колку ви е развиено апстрактното мислење?
Решавањето загатки за многумина е напорна и тешка задача бидејќи доаѓањето до резултатот бара активно размислување за начини на кои би можела да се реши загатката.
Уште потешко е кога истата треба да ја решите во вашата глава, односно визуелно замислувајќи ги можните решенија.
Ваквите загатки го развиваат делот од мозокот задолжен за апстрактното размислување, дел кој на човекот му помага да ги замисли сите можни исходи кои би можеле да ги создаде дадена ситуација.
Загатките од ваков вид ќе ви помогнат да ги согледате работите кои на прв поглед би можеле воопшто да не ги исперципирате и ќе ви покажат дека секогаш треба да размислувате надвор од вашите ограничувања и замисли бидејќи нештата понекогаш може да бидат многу посложени од што навистина изгледаат.
Решете го следниот тест и видете колку добро го владеете апстрактното размислување:
1. Поместете едно чкорче за равенството да биде точно
2. Колку броеви можете да видите на сликата?
3. Поместете 2 чкорчиња за да направите 7 квадрати
4. Која фигура недостасува?
5. Поместете 3 чкорчиња за рибата да плива во спротивна насока
Проверете ги решенијата на следната страна...