Тест: Кој животен пат ќе го одберете?
1. Пат на ослободување
Вие сте личност на која и треба простор и слобода, па затоа сакате да ги правите работите на свој начин. Преферирате сами да ги донесувате одлуките кога ќе се најдете на раскрсница и секогаш имате повеќе можности и опции. Никогаш не сакате да се чувствувате ограничено. Прилично сте независни, понекогаш и бунтовни, но не сакате да се спротивставувате на другите. Попрво пасивно и мирно ќе ги избегнете личностите кои не ви одговараат. Не сакате кога сте во брзање, сакате да одвоите време за уживањата во животот. Понекогаш, дури сте презафатени со хедонизмот.
2. Пат на приватноста
Сакате да патувате сами, да анализирате, да размислувате, сами да носите заклучоци, да ги средувате сопствените мисли. Отворени сте и за комуникации и дружби, но првенствено сте посветени на самите себе и своите цели. Оргинални сте, светот го гледате на уникатен начин. Често пати и другите знаат да имаат корист од вашите совети и мисли. Може да се каже дека сте осамени, но кога сакате знаете добро да се поврзете со другите и да им пружите големо разбирање.
3. Живописен пат
Вие сте привлечна и зафатена личност, космополит и сакате се да испробате. Вашиот сон е животот да ви биде исполнет со бои, возбудување, убавини... За вас, магијата е животниот пат, а не дестинацијата. Сакате да истражувате и секогаш да откривате нешто ново, нешто повеќе. Секогаш први го започнувате разговорот и имате многу прашања. Духовити сте, со изразена интелигенција и знаете како да ги расположите другите.
4. Возбудлив пат
Секогаш одите напред во животот, дури и ако влегувате во нешто непознато. Не се грижите за последиците, за нив немате многу време. Ја сакате непредвидливоста во животот, можеби дури и во работите од кои сите се плашат. Ве привлекува се што е ново, сакате да им се спротивставувате на правилата и често знаете да сте невнимателни. Делувате без многу размислување, но во главно ве прати среќа. Спонтани сте и постојано барате нови возбудувања. Сакате да го искористите целото време кое го имате на располагање.
5. Пат на стабилноста
Вие сте постојат трагач за мир и не сте претерано тешки за задоволување. Имате што да понудите, полни сте со знаење, но едноставно некогаш не сакате да се потрудите. За вас идеалниот живот се состои од мирни случувања, испланирани ситуации, без големи грижи и промени. Со еден збор, сакате се што е пријатно и сигурно. Животот е доволно тежок, па не сакате додатно да си го комплицирате. Стабилни сте и одлична поддршка на другите. Познати сте по својата доследност.
6. Пат на тишина
Ја цените самотијата во сите аспекти на животот. Може да помине многу време, а вие да не чувствувате дека сте биле сами. Ја сакате природата која доаѓа во сите облици, па затоа суштината ја барате во она што ве опкружува. Не сакате гужва, но сакате луѓе. Ги цените автентичностите на луѓето и длабоките, добро осмислени разговори. Секогаш кога можете, уживате во мирот и тишината на патувањето.