Тест на личноста според обликот на прстите
Сите кои сакаат да откријат нешто повеќе за својот личен опис, одговорот може да го пронајдат во обликот на прстите.
Постојат 5 основни форми на врвовите на прстите, потребно е само да ја одредите вашата: квадратна, заоблена, конусовидна, заострена или лопатовидна.
Погледнете ги прстите, определете ја формата и прочитајте:
Квадратни
Ако врвовите на прстите ви се квадратни, вие сте реалисти - сериозни и насочени кон целта. Водите успешен живот и имате шанса да создадете големо богатство произлезено од огромен успех. Благодарение на борбениот дух секогаш ги надминувате и најголемите пречки.
Заоблени
Ако врвовите на прстите ви се заоблени, вие сте весела личност и голем оптимист. Брзо се приспособувате на сите промени во животот. Убедени сте дека на крајот сè ќе заврши добро и затоа што имате верба, во повеќето случаи ќе биде токму така.
Карактеристиките на останатите 3 вида прсти се на следната страна...