Тест на личноста: Што ве прави неодоливи за луѓето?
Ако прво видовте море, луѓето ве сакаат бидејќи лесно се прилагодувате на новите околности и имате моќ да извлечете максимум од секоја ситуација.
Не сте роб на правилата, подготвени сте да зачекорите во непознатото и тоа го правите со неверојатна леснотија.
Вие сте прекрасен соработник на работа, и инспиративен партнер во емотивна врска.
Ако прво ги видовте цвеќињата кои се на левата страна на илустрацијата, вие сте некој кој им се допаѓа на луѓето затоа што е љубезен и ненаметлив.
Се обидувате да оставите добар впечаток на сите што ќе ги сретнете.
Во повеќето случаи, ги постигнувате целите со помош од другите, а на луѓето им е тешко да ве одбијат затоа што изгледате кревко и ранливо.
Ако прво видовте остров, за повеќето многу луѓе вие сте голема мистерија.
Не можат да ве сфатат и им делувате дистанцирано, а всушност сте длабоко емотивни и се плашите дека другите ќе ве повредат, па затоа и не се зближувате со нив.
За некој да добие шанса да ве запознае, треба да помине низ многу „тестови“ и да се докажува од ден на ден.
Луѓето ве сакаат затоа што не се мешате во туѓите работи, не озборувате, не играте игри, а кога подобро ќе ве запознаат, сфаќаат дека сте искрена и топла личност која треба да ја чуваат покрај себе.
Ако прво видовте пеперутка, вие сте од оние луѓе, кои без оглед на возраста, успеале да го задржат детето во себе.
Животот го гледате како игра, проблемите како предизвици. Вие знаете да ја цените својата слобода и да ги почитувате одлуките на другите луѓе.
Ако сметате дека некој ви се заканува со своите постапки или зборови, нема да се карате - само ќе тргнете понатаму, не дозволувајќи да ве допре злобата на другите.
Се чини дека не можете да се налутите, без разлика колку некој ве повредил. Луѓето ве сакаат затоа што лесно простувате и не држите лутина.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





