Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ?
Мечка
Можете да бидете многу трпеливи, а вашата внатрешна сила лесно се пренесува кај другите и ги смирува, нудејќи им утеха.
Секојдневно си кажувате дека никој и ништо не може да ви ја разниша самодовербата, дека сами создавате успеси и не зависите од никој друг освен од својата упорност.
Паметно развивате односи со луѓето на кои верувате. Верен пријател сте, но не заборавајте дека сами на себе сте си најдобар пријател.
Пеперутка
Од вас зрачи оптимизам кој е заразен, па често сте многу посакувани во друштвото.
Но, не секој оптимизам е позитивен. Понекогаш треба малку да го намалите за да не се истрошите премногу на луѓе и ситуации кои не го заслужуваат тоа.
Ве инспирираат промени и движење, а не знаете за поимот комфор зона.
Најприродно се чувствувате токму кога сте во некои предизвикувачки ситуации или кога ви се нудат нови откритија - тогаш заблескувате во полн сјај.
Мачка
Вашата самодоверба воопшто не е под знак прашалник, но во вас лежи и способност брзо да реагирате кога ќе се соочите со секаква предизвикувачка ситуација.
Независни сте и не чекате мислење од никого, не дозволувате некој да ве увери во нешто што не е вистина.
Прво си верувате на себе и на своите способности. Вашата енергија е многу силна и јасно е изразена.
Глушец
Можеби делувате помирно, но многу сте свесни за своите потенцијали и доблести.
Немате навика да ги нагласувате, но овие ваши карактеристики и тоа како се видливи кај другите, па затоа сте многу ценети.
Способни сте и вашата интуиција е многу силна заради можноста да набљудувате и процените ситуации.
Ги почитувате другите, а од нив очекувате искреност – па ако еднаш изгубите доверба, тешко ќе ја вратите. Со тоа се штитите самите себеси.
Птица
Вие сте рационална личност, но сетете се дека понекогаш треба да си го слушате и срцето и да си ги исполните најсилните желби кои ви доаѓаат од душа.
Не ги занемарувајте потенцијалите кои може да ги крие и вашето срце, а не само разумот.
Склони сте кон нежност, но понекогаш знаете да си поставите блокада и да се спречите во искажување нежности.
Не се плашете да го побарате тоа и од другите, бидејќи така ќе се чувствувате исполнети и ќе ви олесни.
Коњ
Ништо не може да ве омаловажи, таков карактер сте, но понекогаш самите знаете да се посомневате во себе.
Се препуштате на луѓе кои не се доволно силни и моќни за да можат да ви го пратат чекорот.
Постојано мислите дека треба да се приспособувате некому што е целосна спротивност од вас.
Од вас вирее импресивна сила, создадени сте да се водите во животот со разбирање и проширени видици кои другите допрва треба да ги откријат.
Слободни сте и токму во таа слобода лежи вашата сила.
М. М. | Црнобело