Реши го квизот и освој подарок: Кои се придобивките од 10-те витамини кои ги содржат производите на Бимилк?
Правилниот развој и нормалното функционирање на организмот зависат од присуството на сите потребни витамини и минерали. Недостатокот на витамини може да придонесе за неправилно функционирање на организмот па затоа дополнителниот внес на истите е од особена важност.
Огромен дел од состојките кои му се потребни на организмот можеме да ги внесеме преку Битолско чоколадно млеко со 10 витамини, кое има збогатен состав и е дополнителен извор на калциум, витамини од групата Б и витамините А, Е и Д.
Секој витамин има своја посебна функција во организмот од регенерација на клетките, правилен раст и развој, здрава работа на срцето, па се до зајакнување на имунитетот па дури и подобрување на расположението.
Дали знаете кои придобивки ги добивате од витамините кои ги внесувате преку Битолско чоколадно млеко со 10 витамини? Проверете ги вашите знаења и дознајте повеќе од квизот подолу, а имате шанса и да освоите подарок.