Квиз: Способни ли сте да преживеете опасни ситуации?

Што треба прво да направите при пожар, земјотрес или невреме додека сте во автомобил? Знаете ли да реагирате во опасни ситуации или паниката ќе ве одведе во пропаст?

kviz-sposobni-li-ste-da-prezhiveete-opasni-situacii-01.jpg

Моментите на шок се непредвидени и на секој може да му се случи погрешно да изреагира, но ако знаете кои се правилните постапки во некои опасни ситуации, полесно ќе се извадите од нив. 

Дали знаете што треба да правите во неколку опасни ситуации? Како да се спасите?

Способни ли сте да преживеете опасни ситуации?
  1. 1. Се наоѓате во куќа на еден кат, кога одеднаш почнува земјотрес. Што треба да направите?
    Да останете во куќата и да се засолните
    Да се јавите на вашите најблиски, да ги известите или да пишете Фејсбук статус
    Да останете мирни и да излезете од куќата најбрзо што можете
  2. 2. Се наоѓате во зграда, кога одеднаш почнува земјотрес. Што треба да направите?
    Веднаш штом го почувствувате да се симнете по скали или лифт и да излезете од зградата
    Да останете мирни, да се засолните додека трае и да почекате да престане за полека да може да ја напуштите зградата
    Да ги прегрнете најблиските и да седите скриени некаде во домот
  3. 3. Замислете дека сте на плажа и одеднаш гледате дека водата од океанот почнува нагло да се повлекува. Што треба да направите?
    Да влезете во вода и да видите што се случува
    Да останете на плажа и да ја набљудувате ситуацијата и движењето на водата
    Да се оддалечите што е можно побрзо и да се качите на највисокото место
  4. 4. Доколку се најдете во некоја држава среде бура, кое е најбезбедното место во домот за да се засолните од ураган?
    Купатилото
    Кујната
    Спалната соба
  5. 5. Замислете дека додека возите автомобил, возилото губи контрола и паѓа во езеро. Автомобилот почнува да тоне и немате многу време да се спасите, што треба да правите?
    Да се обидете да ја запалите колате и возилото да се придвижи кон површината.
    Да го скршите прозорот со парче облека и да излезете
    Да свирите додека некој не слушне и дојде да ве спаси
  6. 6. Во домот одеднаш се случува пожар. Пред да се јавите во пожарна, треба...
    Да побрзате да ги соберете сите вредни предмети од домот кои не сакате да изгорат
    Да пробате да го изгаснете пожарот на секој можен начин
    Да ја покриете устата и носот со ткаенина и што побрзо да излезете од дома
  7. 7. Се движите по планински пат и одеднаш патот ви го испречува змија. Што треба да направите?
    Да ја нападнете со нешто пред таа да ве нападне вас
    Да останете мирни и да чекате што ќе се случува и сама да се повлече
    Да се повлечете наназад полека, без да ја исплашите
  8. 8. Возите автомобил по пат и одеднаш почнува да паѓа силен дожд и град. Што треба да направите?
    Да се фокусирате максимално на патот и да гледате што побрзо да стигнете до дестинацијата
    Да ги вклучите трепкачките светла, да побарате место за засолнување и да почекате да помине
    Да ги вклучите трепкачките светла и да продолжите да возите полека за да избегнете несреќен случај

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Како ја изразувате љубовта? Како наједноставно ја покажувате љубовта? Дали го правите тоа преку гестови, под...
Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Квиз: Погодете ги сите места што почнуваат на буквата „Б“ Како се вика највисоката зграда во светот? А градот во кој се наоѓа катедралата ...
Квиз: Погодете ги имињата на децата на познатите Македонци Како се викаат синот и ќерката на Кире Лазаров? А трите деца на Горан Пандев?&nb...
Квиз: Дали сте вистински фан на Игор Џамбазов? Како се вика најпопуларната книга на Игор? А колку пати беше оженет? Решете го о...
Квиз: Можете ли да ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Љ“? Знаете ли како се вика песната што Симон Трпчески ја напиша за Тоше Проески за д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg