Одберете една карта и примете ја пораката за мир и хармонија во животот

1. Карта на радоста и надежта

Оваа карта ви најавува одредени промени. Сè што ви се случило досега – се случило поради тоа што сте морале да научите, да созревате и да бидете силни. Сега е времето кога треба да поверувате дека најдоброто допрва доаѓа и да почнете да го живеете животот со надеж.

Сега е времето кога треба да заблескате, да го направите невозможното, да ги правите работите кои отсекогаш сте сакале да ги направите, но никогаш не сте имале доволно храброст да се обидете.

Време е да им се вратите на овие соништа. Да бидете храбри и да делувате поттикнати од љубов, бидејќи универзумот секогаш ќе работи во корист на оние кои тежат кон исполнувањето на своите желби. Живејте го секој ден исполнет со радост и позитивни чувства: моментот е сега!

odberete-edna-karta-i-primete-ja-porakata-za-mir-i-harmonija-vo-zivotot-02.jpg

2. Карта на мирот

Оваа карта доаѓа во вашиот живот да ве потсети дека можеби не сносите одговорност за сè што ви се случува во животот, но сте одговорни за ставот кој го заземате за работите кои ви се случуваат. Лутината и одмаздата никогаш не се добри сојузници.

Вие сте мудра личност, умеете да ја преземете контролата врз животот во своите раце, со своите одлуки и реакциите. Научете да ѝ одговорите на лутината со љубов, на тврдоглавоста со добри аргументи и ќе забележите како вашиот ден инстантно станува посреќен.

Вашиот однос кон животните и луѓето радикално ќе се смени кон подобро. Ќе привлекувате само благосостојба и љубов. Бидете мирни, немојте да им дозволите на луѓето околу вас да ве вовлечат во бура, подобро е вие да ги привлечете со мирот.

odberete-edna-karta-i-primete-ja-porakata-za-mir-i-harmonija-vo-zivotot-03.jpg

3. Карта на чесноста и одговорноста

Доколку сте ја одбрале третата карта, таа ќе ве натера да се запрашате: Дали дадовте сè од себе во последно време? Што точно правите денес со цел иднината да ве однесе таму каде што посакувате? Што можете да направите во својот живот за да бидете најдобрата можна верзија од себеси?

Вие природно сте личност која прави прекрасни работи, вашата судбина е во вашите раце. Токму поради ова потребно е да ги дефинирате своите цели, да се наполните со сила, љубов и храброст и да продолжите секој ден да се придвижувате кон остварувањето на своите соништа. Кога веќе точно знаете што сакате, со доволно сила, секогаш ќе најдете начин да го остварите истото.

Бидете силни колку што можете секој ден и давајте сè себе, ќе ви се исплати на крајот.

odberete-edna-karta-i-primete-ja-porakata-za-mir-i-harmonija-vo-zivotot-04.jpg

4. Карта на фантазијата и новите можности

Оваа карта доаѓа во вашиот живот да ви овозможи да го набљудувате истиот од поинаква перспектива, со други очи. Вообичаено јуриме низ животот и не ги забележувате ситните, убави работи кои ни се случуваат секојдневно. На тој начин не ја слушаме ниту пораката која ни ја испраќа вселената.

Креативната сила на универзумот ви го посакува најдоброто и секогаш ви праќа пораки на нејзиниот суптилен јазик. Време е да внесете малку повеќе мир и промисленост во секојдневието. Пред вас ќе се отворат прекрасни нови можности, само доколку го дозволите тоа.

Време е ширум да ги отворите очите и внимателно да ги следите знаците, бидејќи животот не престанува да разговара со вас и секогаш ве води кон најдобриот пат.

odberete-edna-karta-i-primete-ja-porakata-za-mir-i-harmonija-vo-zivotot-05.jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 празнични прашања на кои не смеете да го згрешите одговорот Знаете ли кој божиќен филм има најголема заработка на сите времиња? А како се ви...
Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Психолошки квиз: Kоја боја е вашиот карактер и што открива тоа за вас? Дали сте смирена личност која не се плаши да се потчини, или вриете од нервоза а...
Ретро музички квиз: Погодете ги стиховите на македонските детски песни „Дувна ветре развигорче, нишна гранче над изворче. Дувна ветре будигора…“ „Ду...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз: Каква личност сте според теоријата на Фројд? Кој дел од личноста според Фројд е доминантен кај вас? Дали ве води „ид“, „его“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg