Одберете карта и дознајте ја својата идеална професија

Карта под број 1 – ЕНЕРГИЧЕН ДУХ И ЕНТУЗИЈАЗАМ

Вие сте голем авантурист. Понекогаш делувате без внимателна подготовка. Но дури и без подготовка може да се забавувате додека работите.

Клучот за вас е ентузијазмот и да бидете во центарот на случувањата.

Мора да најдете работа која нема да ве разочара.

Вие сте едноставно водени од енергиите кои ве одржуваат полетни.

Ви треба работа со многу активност.

Професии: спортист, организатор на настани.

Карта под број 2 – ЉУБОПИТНОСТ

Можете да се опишете себеси како многу љубопитна личност која сака да пешачи и експериментира.

Наградени сте со силни квалитети, но тие не се сложуваат добро со другите луѓе.

Сакате да пробувате нови работи, да грешите и да научите нешто ново. Затоа ви треба работа која ќе ви дозволи слободно да иновирате, експериментирате и зборувате.

Професии: научник, пронаоѓач, менаџер, маркетинг, истражувач.

Карта под број 3 – КРЕАТИВЕН УМ

Дали сакате сè што е ново? Вие сте многу креативна личност која сака да ги руши стереотипите и да создава нови работи.

Сакате да се изгубите во сопствените мисли, каде што нема граници и можете да креирате убави работи во целото ваше слободно време.

Многу е важно за вас целосно да ги изразите вашите мисли.

Професии: уметник, музичар, дизајнер или писател.

Карта под број 4 – ПОСТОЈАНА АКТИВНОСТ

Сакате да планирате сè и имате постојана потреба да ги координирате работите и луѓето околу вас.

Вие сте реалист којшто знае да менаџира.

Чувствувате дека сте успеале во нешто, тогаш кога планот е реализиран.

Повеќе сакате да работите на работни места со висок процент на влијание.

Сакате позиција од која ќе можете да организирате, подредувате и генерализирате.

Имате многу високо мислење за тимската работа.

Професии: државен службеник, професор, канцелариски работник.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз: Каде треба да ја дочекате 2025-та година? Дали сте ноќна птица во која живее духот на забавата и треба да бидете во град к...
Психолошки квиз: Kоја боја е вашиот карактер и што открива тоа за вас? Дали сте смирена личност која не се плаши да се потчини, или вриете од нервоза а...
Ретро музички квиз: Погодете ги стиховите на македонските детски песни „Дувна ветре развигорче, нишна гранче над изворче. Дувна ветре будигора…“ „Ду...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз: Погодете ги новогодишните поими од измешани букви Ако сакате анаграми, најверојатно без никаков проблем ќе ги познаете поимите пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg