Квиз: Колку добро знаете да се снајдете во опасни ситуации?

Што треба да правите во случај на пожар во кујна, како да избегате од диви животни, што да правите ако ве опече медуза - колку добро знаете да се снајдете во опасни ситуации?

kviz-kolku-dobro-znaete-da-se-snajdete-vo-opasni-situacii-01.jpg

Многумина не сакаат да размислуваат на овие теми, но секогаш е добро да имате одредени основни познавања, бидејќи никогаш не знаете во каква ситуација ќе се најдете. 

Со следниот квиз ќе си го проверите знаењето и ќе откриете колку добро може да се спасите во опасни ситуации, но истовремено и ќе научите нови работи кои не сте ги знаеле. 

Забавувајте се и учете!

Квиз: Колку добро знаете да се снајдете во опасни ситуации?
  1. 1. Ако дојдете во средба со мечка, треба да бегате во круг.

  2. 2. Ако ви се запали зејтинот од тавата додека готвите, треба да истурите веднаш вода за да се изгасне.

  3. 3. Ако наидете на морски струи, не треба да пливате паралелно со брегот.

  4. 4. Ако спасите личност од давење, треба само да му помогнете да ја исплука водата, да се освести и да го оставите да мирува.

  5. 5. Во случај на автомобилска несреќа, стаклото треба да го кршите странично, а не во центарот.

  6. 6. Како што велат старите верувања, урината може да помогне доколку ве опече медуза.

  7. 7. Ако ве касне змија, треба да ја шмукате раната за да го соберете отровот.

 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Квиз: Како ја изразувате љубовта? Како наједноставно ја покажувате љубовта? Дали го правите тоа преку гестови, под...
Квиз: Погодете ги имињата на децата на познатите Македонци Како се викаат синот и ќерката на Кире Лазаров? А трите деца на Горан Пандев?&nb...
Квиз: Дали сте вистински фан на Игор Џамбазов? Како се вика најпопуларната книга на Игор? А колку пати беше оженет? Решете го о...
Квиз: Погодете ги сите места што почнуваат на буквата „Б“ Како се вика највисоката зграда во светот? А градот во кој се наоѓа катедралата ...
Квиз: Изберете ја омилената храна и дознајте што ве очекува во 2024-та Кои ви се омилените слатки? Без што не можете да ја замислите новогодишната трпе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg