Слушате Yanny или Laurel? Аудио снимката која предизвика онлајн дебати
Онлајн загатките не застануваат само на фустаните, патиките и штиклите со различна боја. Најновата загатка која предизвика многубројни дебати е во аудио формат.
Иако зборот кој се кажува на снимката е еден, некои слушаат два сосема различни зборови - „Yanny“ и „Laurel“.
What do you hear?! Yanny or Laurel pic.twitter.com/jvHhCbMc8I
— Cloe Feldman (@CloeCouture) May 15, 2018
Што слушате вие?
Некои одат толку далеку, што тврдат дека ги слушаат и двете зборчиња во исто време.
Објаснувањата на експертите пак одат од крајност во крајност.
Едни тврдат дека она што го слушате зависи од тоа дали аудиото е пуштено на звучници или звукот доаѓа преку слушалки, па така концентрацијата и гласноста на звукот може да влијаат на она што го слушате.
Други пак велат, дека буквите се слични по звучност, па затоа лесно „Ya“ може да се интерпретира и како „La“.
М. Д. | Црнобело