Одберете слика и откријте што може да очекувате следнава недела
Ако ја одбравте првата слика
Ако ја одбравте оваа слика, следнава недела ќе ви се исполни некоја желба која долго време сте ја посакувале. Оваа желба е поврзана со емотивниот живот, не со кариерата.
Ќе најдете мир и задоволство во самите себе и конечно ќе се почувствувате како да сте на правилниот пат. Не е важно дали е мала или голема желба, важно е дека постои напредок во вашиот живот.
Ако ја одбравте втората слика
Ако ја одбравте оваа слика, постои можност да се соочите со препреки неколку денови по ред. Ќе ви треба повеќе енергија и сила за да ја поминете неделата и да ги разрешите проблематичните ситуации.
Направете промени во исхраната и одберете здрави намирници како овошје, зеленчук и вода, наместо нездрава храна и кафиња. Ќе имате многу обврски, па ќе ви треба повеќе енергија за да ги завршите.
Ако ја одбравте третата слика
Ако оваа слика најмногу ве привлекува, следнава недела работите ќе бидат хармонични. Ќе бидете смирени и задоволни од самите себе и од односите со другите.
Препуштете се на убавите емоции и уживајте. Размислете за сите добри работи што ги имате во животот и бидете благодарни.
М. В. | Црнобело