Каква боја е вашата сексуална аура?
Знаете како понекогаш некои бои посебно ве привлекуваат? А кога ќе ве прашаат која ви е омилена боја, не знаете поради тоа што имате различна омилена боја во различни периоди во зависност од расположението.
Можеби боите се поврзани со некој елемент и вие самите проектирате некаква боја во зависност од тоа како се чувствувате? Овие бои се викаат аури, и тие се менуваат. Но, сепак секогаш имаме една боја што доминира над сите други.
Вашата аура е вибрацијата која ја емитирате врз луѓето. Вибрантна аура ги привлекува луѓето а лоша аура ги оддалечува од вас. Секој од нас исто така има и сексуална аура. Ако ја запознаете вашата сексуална аура, ќе си помогнете неверојатнo многу со тоа што ќе ви стане познато што навистина сакате во кревет и како да бидете одлични љубовници.
Па, како да ја откриете вашата сексуална аура? Сè што треба да направите е да си го проверите расположението. Како се чувствувате? Дали сте заљубени, дали сте во недоумица? Дали се чувствувате расположени за секс?
Сега замислете песна која најмногу одговара на вашето расположение. Дали е сензуална? Дали е брза? Дали е романтична?
Веднаш потоа размислете како сакате да се облечете. Дали посегнувате по секси фустан, маичка или тренерки? Сите овие детали ќе ви помогнат да сфатите која е вашата сексуална аура?
Сега, погледнете ги сликите и веднаш потоа затворете ги очите и дозволете една од овие бои да ви дојде во ум. Шансите се, дека тоа е најверојатно бојата која ја емитирате. Таа боја диктира каков секс ви треба вечерва.