Разбистрете ја главата: Тест од 15 провокативни прашања

Додека секојдневно размислувате за тековните финансиски проблеми, домашните проблеми или на работа, монотонијата, неуспешните планови и слично, добро е да ја разбистрите малку главата и да помислите на нешто посуштинско.

razbistrete-ja-glavata-15-provokativni-prasanja-01

Овие неколку провокативни прашања ќе ве натераат да откриете нешто поважно од сите тие проблеми.

Одговарајте брзо:

1. Кога би добиле прилика да се обратите пред цел свет во 30 секунди, што би кажале?

2. Ако ги имате сите пари на овој свет, а сепак мора да работите, што би правеле?

3. За што до сега најмногу жалите во животот?

4. Како би можеле таа лекција да ја примените денес?

5. Дали се плашите од смртта? Ако да, зошто?

6. Да претпоставиме дека утре ќе изгубите сè што имате. Кај кого би побарале помош? Дали таа личност знае колку ви значи?

7. Што би промениле ако дознаете дека сте бесмртни?

8. Да претпоставиме дека сте пред вратите на Рајот и дек Бог ве прашува: „Зошто да ве пуштам внатре?“ што ќе одговорите?

9. Кога ќе бидете доволно добри за самите себе? Што треба да се случи за целосно да се прифатите?

10. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?

11. Што би зборувале луѓето кога ќе ве нема?

12. Ако знаете дека ќе умрете на полноќ, што би правеле во 23:45 часот?

13. Што мислите дека стои помеѓу вас и апсолутната среќа?

14. Како нешто знаете со сигурност?

15. Што можете да направите денес за некому да го разубавите денот?


Одговорите споделете ги во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 празнични прашања на кои не смеете да го згрешите одговорот Знаете ли кој божиќен филм има најголема заработка на сите времиња? А како се ви...
Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Кулинарски квиз: Дали сте почетници или махери во кујна? Дали сте вистински махери во кујна или не знаете ниту да спржите јајце? Знаете л...
Квиз: Каков тип на турист сте? Што ви е најважно кога одите на патување? Дали сте турист што сака луксуз, да вн...
Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Квиз: Општи прашања за Скопје на кои треба да го знаете одговорот Без разлика дали живеете во Скопје или не, факт е дека сите треба да имаме барем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg