Тест од 3 прашања кој ќе ви ја отвори вратата на љубовта
Внимателно прочитајте го секое прашање и одговорете искрено со „да” или „не”. Одговорите на овие три прашања ќе ги пронајдете длабоко во себе, единствено треба да бидете искрени и да се запрашате што е тоа што не ви дозволува да живеете живот исполнет со љубов...
Некои работи во нашиот живот се многу едноставни и очигледни, а токму нив тешко можеме да ги забележиме.
Начинот на кој ги одговарате овие прашањa ќе ви помогне да идентификувате сѐ што ви стои на патот кон наоѓање на љубовта.
Поставете си ги себе овие одговори:
1. Дали ви е тешко да се сакате себе?
2. Чувствувате ли дека не можете во целост и без страв да ја делите својата љубов со другите?
3. Дали односите кои ги имате во животот ви оставаат чувство на празнина и желба да барате уште повеќе?
Ако на било кое прашање одговоривте со „да”, тогаш сите болки кои сте ги доживеале во љубовта настанувале од вашите уверувања кои се создале од искуствата.
Запрашајте се зошто тоа „да” постои во вас и не ви дозволува да живеете живот исполнет со љубов.