Тест кој ќе ви открие колку сте друштвени: Замислете си дека продавате накит...
Ова е тест со неколку брзи прашања кои ќе кажат нешто за вашата личност и за тоа какви сте во социјалниот живот.
Седнете удобно на вашата столица и на кратко затворете ги очите. Потоа послужете се со најблиското моливче и одговорете на овие четири прашања.
1. Отворивте тезга за продажба на накит кој сами го направивте. Колку различни типови на производи ќе изложите на неа (нараквици, прстени и сл.)?
2. Случаен минувач ја здогледува вашата тезга и застанува да разгледа што имате на неа. Не купува ништо. Што ќе помислите во тој миг?
3. По него на вашата тезга доаѓа уште еден потенцијален потрошувач. Се чини дека е заинтересиран токму за производот кој вие го сметате како ваше најуспешно дело. Што ќе му кажете за да го натерате да го купи?
4. Времето минало и пристигнала вечерта. Време е да ја затворите тезгата и да одите дома. По ваше мислење колку била успешна продажбата тој ден?
Кликнете на втората страна за да го откриете решението...