Брз тест со еден прст: Дали сте убави или не?
Со едноставен тест кој е хит на социјалните мрежи, може да откриете дали сте убави или не. Потребен ви е само показалецот кој со едноставна метода ќе ви покаже во која група спаѓате.
Тестот се нарекува „метод на идентификација на убавината“ или „прст стапица“.
Како да го решите тестот?
Поставете го прстот од брадата до носот, како кога давате некому знак за тишина.
Доколку прстот ви ги допира усните значи дека сте убави. Всушност се одредува симетријата која ја има или ја нема, соодносот на поставеноста, обликот на носот и брадата или исполнетоста на усните.
Оваа теорија ја користат и многу пластични хирурзи кои се сметаат дека убавината е заснована токму на совршениот сооднос на овие 3 дела на лицето.
Убавината не се сведува само на симетријата, но сепак е важен дел.
Иако тестот е базиран на класичните принципи од времето на Леонардо да Винчи, сега е поедноставен на еден параметар.
Сепак, убавината на една личност не се состои само од физичкиот изглед, туку и од енергијата и карактерот на таа личност.