Тест: Дали се познавате себеси?

Постојат психолошки тестови кои може да ви одговорат на ова прашање, но најдобриот психолошки тест е вашиот живот на кој не може да добиете ниска оценка доколку навистина се познавате себеси.

dali-se-poznavate-sebesi-1

Одговорете на следните едноставни прашања и ќе дознаете дали навистина се познавате себеси или треба допрва да се запознаете.

- Што правите веднаш откако ќе се разбудите наутро?

- Во колку часот станувате најчесто?

- Какво кафе пиете и кое е вашето омилено?

- Дали го прескокнувате вашиот појадок често и колку оброци консумирате дневно?

- Што јадевте вчера?

- Што би направиле доколку сакате да останете дома, но вашите пријатели ве приморуваат да излезете со нив?

- Дали ги читате книгите до крај и зошто го правите тоа?

- Што би направиле доколку дознаете во моментот дека вашиот пријател ве озборува?

- Или пак вашиот партнер ве изневерува?

- Кога сте изнервирани со што ги отстранувате стресот и нервозата?

- Што сакате да постигнете во животот?

- Со колку кеш располагате во моментот?

- Дали ја сакате својата работа?

- Како би изреагирале доколку утре добиете отказ?

- Дали лесно се навикнувате на промени?

- Која е вашата техника на учење?

- Кое ви е омиленото јадење или пијалок?

- Која е вашата омилена боја?

- Колку вистински пријатели навистина имате?

- Кои се вашите соништа?

- Каков е вашиот идеален партнер?

- Дали знаете што значи да се сакате себеси?

- Кого сакате?dali-se-poznavate-sebesi-2

 Доколку сте одговориле само на половина од овие прашања, значи дека делумно се познавате себеси, а доколку сте одговориле на сите тогаш вие сте веќе комплетно оформена личност која се познава доволно.

Но, доколку сте одговориле на помалку од половина од прашањата или воопшто не сте одговориле на ниедно, време е да започнете да се набљубувате и да се запознаете самите себеси!

На колку прашања одговоривте вие?

Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Квиз: 10 празнични прашања на кои не смеете да го згрешите одговорот Знаете ли кој божиќен филм има најголема заработка на сите времиња? А како се ви...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз: Општи прашања за Скопје на кои треба да го знаете одговорот Без разлика дали живеете во Скопје или не, факт е дека сите треба да имаме барем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg