Тест: Кои се вашите потсвесни приоритети во животот?

Проверете кои ви се потсвесно приоритетите во животот и љубовта преку оценување на личностите од една приказна.

test-koi-se-vasite-potsvesni-prioriteti-vo-zivotot-01

Една девојка оди покрај река. На другата страна од реката здогледува момче во кое се заљубува на прв поглед. Се обидува да го повика, но безуспешно. Не знае да плива, па невозможно е сама да ја премине реката. Мост нема во близина, единствено што знае е тоа дека по секоја цена мора да дојде до тоа момче.

Ненадејно наидува човек со чамец, му приоѓа и му ја објаснува ситуацијата, му ги нуди сите пари што ги има, но добива друг одговор:

„Ќе те превезам, но парите не ме интересираат. Ако спиеш со мене брзо ќе дојдеш до момчето кое ти се допаѓа“.

Очајната девојка се налутила и заминала. Продолжила да оди по брегот разочарана, кога наишла на еден старец. Кога ја прашал зошто плаче, му објаснила што се случило. На крајот го прашала за совет, дали да спие со човекот од чамецот за да дојде до саканиот?

„Драга девојко, тоа мораш сама да го одлучиш“ - ѝ одговорил старецот.

Таа продолжила да оди и да размислува, но брзо донела одлука. Се вратила и прифатила да спие со човекот од чамецот и набрзо се нашла на другиот брег кај момчето во кое се заљубила.

„Видов што направи, те мразам!“ - извикало момчето и заминало.

Во тој момент девојката паднала на земја и почнала да плаче. Тогаш од шумата дошло друго момче. Воодушевено ја гледало и ѝ рекло:

„Видов сè, од почеток до крај. Омажи се за мене!“

Откако ја прочитавте приказната оценетe ги сите 5 личности од 1 до 5 според она која личност ја сметате за најпозитивна до онаа која ја сметате за негативна. Оценките не смеат да се повторуваат!

Девојката

Момчето во кое е заљубена

Човекот со чамецот

Старецот

Момчето кое ја бара за жена

Дознајте ги резултатите на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Каков тип на турист сте? Што ви е најважно кога одите на патување? Дали сте турист што сака луксуз, да вн...
Квиз: Можете ли да ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Ш“? Која актерка беше во брак со Ѓорѓи Колозов? Како се вика птицата преселница со д...
Квиз: Општи прашања за Скопје на кои треба да го знаете одговорот Без разлика дали живеете во Скопје или не, факт е дека сите треба да имаме барем...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Квиз: Каква личност сте според теоријата на Фројд? Кој дел од личноста според Фројд е доминантен кај вас? Дали ве води „ид“, „его“ ...
Кулинарски квиз: Дали сте почетници или махери во кујна? Дали сте вистински махери во кујна или не знаете ниту да спржите јајце? Знаете л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg