Тест: Како влијае есента на вас?
Есента е специфично годишно време за оние кои сакаат сонце и бегаат од дождот. Некои пак уживаат да работат додека надвор времето се менува по 10 пати во текот на денот.
Во прилог е краток тест, како влијае есента на вас како личност. Собирајте ги одговорите според буквите.
На секое од прашањата може да одберете само по еден одговор: А, B, или C.
1. Во хороскоп сте:
A. Риба, Овен, Бик или Близнаци
B. Рак, Лав, Јарец или Водолија
C. Девијца, Вага, Скорпија или Стрелец
2. Вашиот омилен период од денот ви е:
A. Утрото
B. Претпладне и попладне
C. Приквечерие и ноќ
3. Најмногу би сакале да отидете на излет:
A. На ливада со полски цвеќиња покрај река
B. На топол остров со прекрасни плажи
C. На планина
4. Најрадо би се забавувале за време на викендот:
A. На некоја домашна забава во двор
B. Журка со многу луѓе или останувате дома да изгледате добар филм
C. Фин ресторан со пријатна атмосфера
5. Град во Италија кој би сакале да го посетите најмногу:
A. Рим
B. Фиренца
C. Венеција
6. Земја во која би сакале да отпатувате:
A. Италија
B. Чешка
C. Австрија
7. Вашата идеална соба би била:
A. Едноставна, со голема тераса
B. Сеедно ви е, само креветот да е удобен
C. Соба со дрвен мебел и убаво работно катче
8. Од следните бои најдрага ви е
A. Зелена
B. Сина
C. Портокалова
9. Од следните изреки, најдрага ви е:
A. На младите останува светот
B. Секогаш златна средина.
C. Трпението е мајка на успехот
Сега избројте по колку одговори имате под А, В и С.
Тестот е составен од непарен број прашања, така што секогаш ќе преовладува некое од овие три. Единствено во случајот кога од секоја буква имате по 3 резултати, може да се сметате за многу лесно прилагодлива личност, најблиску до оние кои имаат најмногу одговори под В.
Најмногу одговори под А: ЕСЕНТА НЕ ВИ НОСИ НИШТО ДОБРО
Вие сте личност која есента ја доживува како време кога нешто ви заминува, недостасува, проаѓа. Тоа во вас предизвикува тажно расположение и меланхолија. Ако сте уште и метеопат, ви недостасуваат сонце и топлина. Дури и есенските топли денови не ви се доволни. Расположението во овој период од годината ви е на ниско ниво, а вие обично се повлекувате во својот свет до следната „сезона„ на пролет и лето. Обидете се да гледате позитивно на работите кои ни ги носи есента. Освестете се и побарајте ведри настани кои би ви го исполниле времето оваа есен.
Најмногу одговори под Б: ТОЛЕРАНТНИ И ПРИЛАГОДЛИВИ
Или сте личност на која и е сеедно какво е времето надвор, или со леснотија се прилагодувате на се. Понекогаш сакате промени заради себе си. Есента за вас е само една од низата промени кои ни ги носи природата и животот. Заради тоа те зрели и без проблем се вклопувате во разни ситуации. За вас, секое време си има своја магија, вие ја препознавате привлечноста на дождот, но и привлечноста на сончевите зраци. Толерантни сте и го сакате животот. Затоа умеете да се радувате на секое годишно време препознавајќи ги специфичностите кои ги носи со себе.
Најмногу одговори под С: ЕСЕНТА ВЕ МОТИВИРА И ИНСПИРИРА
Вие сте личност која знае да ги дочека своите 5 минути и паметно да ги искористи. Есента за вас е годишно време кога Вашите идеи созреваат и добиваат свој конечен облик. Во таа смисла, за вас есента е најдобро годишно време. Трпеливи сте и вредни, уживате во дискретните работи со мерка. Неретко вас ве доживуваат како личност на која може да и се довери тајна. Есента ве исполнува и за вас претставува годишно време во кое тргнувате по нови походи, означувате нови почетоци. Дождот ве мотивира и инспирира уште повеќе.