Квиз: Довршете ги стиховите на најпознатите свадбарски песни

Без разлика колку и да се менуваат времињата и обичаите, ниту една свадба не може да помине без некои од најпознатите народни свадбарски песни. Дали сте подготвени за сезоната на свадби, тестирајте се...

kviz-dovrshete-gi-stihovite-na-najpoznatite-svadbarski-pesni-01.jpg

Велат дека музиката е најважен фактор за успешна свадбена веселба, а кај нас се чини дека ниту една свадба не може да помине без оро и познатите македонски свадбарски песни.

Дури и оние што се одлучиле да направат нетрадиционална свадбена веселба, често вклучуваат барем по неколку од овие песни за да им ја исполнат желбата на повозрасните гости и да ѝ оддадат почит на традицијата.

Иако се чини дека на сите свадби се пеат истите песни, во овој квиз ве предизвикуваме да ги довршите стиховите на некои од најпознатите свадбарски песни и да си го тестирате знаењето.

Се обидовме да не ги извадиме најлесните стихови, но затоа над секое прашање ве насочуваме за која песна се работи.

Довршете ги стиховите на најпознатите свадбарски песни
  1. 1. Доста време ерген одев
    Ракија бардаклија
    Зурли и тапани
  2. 2. Черешна се од корен корнеше
    Отсега ќе слушам јатрва
    Отсега ќе слушам свекрва
  3. 3. Сите девојчиња мамо се мажија
    Без момче
    Без к’смет
  4. 4. Еј море куме златен
    Веселба
    Крштевка
  5. 5. Лено, Ленче
    Тие медни усни
    Тие вредни усни
  6. 6. Ете мајко решив да се женам
    Богата, од добра куќа и од добар сој
    Вредна, од добра куќа и од добар сој
  7. 7. Свирете ми свирачи
    Се женам
    Син женам
  8. 8. Македонки билбилјанки
    Љубовџики
    Стомничарки
  9. 9. Ерген одев мајко
    Среќа ме нападна
    Злото ме нападна
  10. 10. Четири месеци свадба се спрема
    Пари си нема
    Ракија нема

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Квиз: Погодете ги имињата на децата на познатите Македонци Како се викаат синот и ќерката на Кире Лазаров? А трите деца на Горан Пандев?&nb...
Квиз: Погодете ги сите места што почнуваат на буквата „Б“ Како се вика највисоката зграда во светот? А градот во кој се наоѓа катедралата ...
Квиз: Изберете ја омилената храна и дознајте што ве очекува во 2024-та Кои ви се омилените слатки? Без што не можете да ја замислите новогодишната трпе...
Квиз: Можете ли да ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Љ“? Знаете ли како се вика песната што Симон Трпчески ја напиша за Тоше Проески за д...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „Л“ Како се вика вжештената маса што еруптира од вулканите? А како е името на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg