Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат слеано, а кои разделено?

Срастените прилози од прилог и предлог или именка се пишуваат слеано, па затоа:

1. Оттука;

2. Оддесно;

3. Остекогаш;

Сложените прилози што како втор дел ги имаат именските форми -пат, -пати се пишуваат слеано, па затоа:

4. Секојпат;

Сложените прилози од типот вчераутро, еднодруго, едноводруго, итн. се пишуваат слеано, па затоа:

5. Вчеравечер;

Одречната честичка „не“ од формите на глаголот: не сака, не земам, не реков, не носеа, не знаејќи, не можејќи, не сакајќи се пишува разделно, па затоа:

6. Не знаејќи;

Сложените сврзници од типот на тукушто и штотуку се пишуваат слеано, па затоа:

7. Штотуку;

Сложените заменки се пишуваат слеано, па затоа:

8. Понекоја;

Сложените придавки што означуваат нијанса на определена боја се пишуваат слеано, па затоа:

9. Бледосин;

Составите од заменките кој, што, чиј и честичките било, (и) да е, се пишуваат разделно, па оттука:

10. Каков било.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат разделено, а кои не? Дали знаете како е правилно – сеуште или сè уште? А, дали е правилно многуброен ...
Квиз: Прашања поврзани со март кои мора да ги знаете Како се викаат црвено-белите алки кои се врзуваат на рака на 1 март? А во која д...
Квиз: 8 прашања за Кавадарци (кавадарчани мора да ги знаат) Знаете ли како се вика навивачката група на ФК Тиквеш? А, реката која тече низ К...
Брз тест по македонски: Погодете го значењето на старите зборови Сте го слушнале ли зборот коприна? Можете ли да погодите што значи? Сте го сл...
Квиз: Колку општи прашања од областа на медицината ќе одговорите? Имате ли општо познавање од медицината и од медицинските термини? Тестирајте се....
Квиз за авантуристи: Каде се наоѓаат европските туристички атракции? Знаете ли каде се наоѓа Версајскиот дворец? А, дали знаете во кој шпански град с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg