Брз тест по македонски јазик - Дали треба мала или голема буква?
1. Месеците се пишуваат со мала почетна буква затоа што тоа се општи именки, па така ќе биде:
јануари;
2. И деновите во неделата се со мала почетна буква – значи:
понеделник;
3. Жител на држава (на секоја држава) се пишува со голема почетна буква и правилно е:
Македонец;
4. Општините или градовите, чие име им е составено од два дела, и двата збора им се пишуваат со голема почетна буква и ќе биде:
Кисела Вода;
5. Празниците, кои спаѓаат во лични именки, имаат поинакви правила од општите именки, па така овојпат месецот се пишува со голема буква:
11 Октомври;
6. Име на социјална мрежа се пишува со голема почетна буква и се пишува:
Инстаграм. (Тоа важи и за Фејсбук);
7. Во овој случај, правилно е:
Министерство за култура, со мала;
8. Придавките во македонскиот јазик се пишуваат со мала почетна буква, па така треба:
скопски говор;
9. Честичките во овие презимиња се пишуваат со мала почетна пуква, односно треба:
Леонардо ди Каприо;
10. Празникот заврши и ќе чекаме пролет, но за да научиме како да честитаме и следната година, треба да знаеме дека зборот „година“ се пишува со мала буква:
Нова година.
Колку погодивте?
M. Л. | Црнобело