Брз тест по македонски јазик низ 10 прашања: Дали знаете каде треба да стои буквата „ќ“?

Келав или ќелав, кече или ќече – како е правилно? Ајде да провериме колку го познавате македонскиот јазик.

brz-test-po-makedonski-jazik-dali-i-vie-se-dvoumite-kade-treba-da-stoi-bukvata-kj-01.jpg

Масовното користење на социјалните мрежи и ограничениот број на букви во латиничното писмо на тастатурата на мобилните телефони во голема мера влијаат на тоа како пишуваме.

Наместо да користиме иновативни решенија за кириличните букви кога пишуваме латиница, најчесто ги користиме буквите што се најслични една со друга, надевајќи се дека соговорникот ќе нè разбере, а некогаш и не.

Можеби некому нема веднаш да му текне дека изразот: „imam mrsna koza“, се однесува на „мрсна кожа“, а не на „мрсна коза“, нели?

Речиси и да забораваме на граматичките форми, особено кај оние зборови каде не постојат одредени правила, туку формите треба да се запомнат напамет.

Дали некој од вас се соочил со дилема каде треба да стои буквата к, а каде буквата „ќ“?

Тестирајте се низ 10 лесни примери:

1. шеќер или шекер

2. ќерка или керка

3. керамика или ќерамика

4. ќеш или кеш

5. ќеиф или кеиф

6. келав или ќелав

7. кирија или ќирија

8. китка или ќитка

9. кече или ќече

10. нејќам или нејкам

Одговорите се на следна страна:



Би можело да ве интересира:

Брз тест по правопис  – Каде се пишува буквата „ј“, а каде не? „Се насмеаа“ или „Се насмеаја“, „Спиеа“ или „Спиеја“... Како беше правилно? „...
Правописен квиз: Кои зборови се пишуваат слеано, а кои не? Дали е „без друго“ или „бездруго“? Дали имате дилема кога треба да пишувате одре...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „К“? Која наша пејачка седеше во иста клупа со Кире Лазаров? А како се вика вториот н...
Квиз: Дали ќе ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Г“? Со кој филм се прослави Расел Кроу? Во која држава се наоѓа планината Олимп? Про...
Брз тест по правопис: Ги пишувате ли правилно деминутивните форми? Дали е „кругче“ или „крукче“? Внимавате ли на правописните правила кога ги пишув...
Играме брза географија: Набројте ни барем 5 села на буквата „С“ во Македонија Дали ја познавате доволно добро нашата држава? Дали на моменти пријателите се ше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg