Квиз: 12 популарни латински поговорки и изрази – мора да знаете барем половина од нив

Знаете ли од која латинска изрека потекнува и што значи насловот на српската песна за Евровизија 2022 - In corpore sano?

kviz-12-popularni-latinski-pogovorki-i-izrazi-mora-da-znaete-barem-polovina-od-niv-01.jpg

Латинскиот се смета за мртов јазик, односно јазик кој не е во активна употреба. Но, поради огромното влијание во сите сфери, до денес користиме фрази и изрази на латински јазик.

Истовремено, во некои области, како биологија и медицина, неретко се користат стручни термини на латински јазик.

Освен ако не сте лекар, биолог или нешто слично, веројатно никогаш нема ни да ги слушнете стручните термини на латински. Но, сигурни сме дека сте слушнале, а можеби и користите дел од бројните изреки и изрази на латински јазик кои се популарни и денес.

Во продолжение следат 12 латински изрази и изреки кои активно се користат и денес, а вие треба да им го погодите значењето.

12 популарни латински поговорки и изрази – мора да знаете барем половина од нив
  1. 1. Што значи познатата фраза која потекнува од римскиот поет Јувенал?
    Во здраво тело, здрав дух.
    Здравјето е најважно.
  2. 2. Што значи популарната изрека од римскиот поет Хорациј?
    Фокусирај се на денот.
    Зграпчи го денот.
  3. 3. Што значи оваа изрека која често ја слушаме и денес?
    Во виното е вистината.
    Во виното нема вистина.
  4. 4. На што се однесува овој латински израз?
    Грешка во говорот
    Грешка во пишувањето
  5. 5. Што значи оваа позната латинска поговорка?
    Човек на човека му е најголем непријател.
    Човек на човека му е волк.
  6. 6. Што значи оваа позната изрека?
    Дела, не зборови.
    Зборови, па дела.
  7. 7. Како се преведува овој познат латински израз?
    Празна табла/таблица
    Незнаење
  8. 8. Како се преведува прашањето кое, според легендите, Свети Петар му го поставил на Исус?
    Што правиш, Господе?
    Каде одиш, Господе?
  9. 9. Што значи старата латинска изрека која често ја користел и самиот Цезар?
    Освој, па владеј.
    Раздели, па владеј.
  10. 10. Што значи изразот што до денес се користи во писма, мејлови и слично?
    Пред она што е напишано
    После она што е напишано
  11. 11. Како се преведува другата латинска изрека која често се поврзува со Цезар?
    Дојдов, видов, победив.
    Дојдов, победив, освоив.
  12. 12. Како се преведува латинската поговорка која се смета и за првиот принцип на филозофијата на Рене Декарт?
    Мислам, значи постојам.
    Мислам и не постојам.

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 лесни прашања што треба да ги знаете од општа култура Колку елементи има во периодниот систем? А, колкав е збирот на аглите во триагол...
Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Квиз: Прашања кои мора да ги знаете ако сте имале 5-ки во училиште Знаете ли што е Ел Дорадо или кои бои се наоѓаат на знамето на Италија? Знает...
Квиз: Колку знаете за 7-те светски чуда на древниот свет? Знаете ли во кој древен град во денешна Турција се наоѓал Храмот на Артемида? ...
Географски квиз: На кои држави припаѓаат популарните острови? Знаете ли на која држава ѝ припаѓаат Хаваите или, пак, островот Хвар? Колку знае...
Квиз: Колку знаете за грчката митологија? Знаете ли кој лик од грчката митологија наместо коса, има змии? А, знаете ли кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg