Тестирајте се колку го познавате правописот на македонскиот јазик низ 10 кратки прашања

Дали беше фотокопија или фото копија, визит-карта или визиткарта, повеќе пати или повеќепати? Низ овие десет примери можете да го освежите вашето знаење за правописот на македонскиот јазик. Тестирајте колку добро се сеќавате на правописните правила во македонскиот стандарден јазик.

testirajte-se-kolku-go-poznavate-pravopisot-na-makedonskiot-jazik-niz-10-kratki-prashanja-01.jpg

Кога станува збор за слеаното или одделното пишување на зборовите, како учениците, така и возрасните, честопати се соочуваат со проблеми.

Правописот на македонскиот јазик се чини тежок затоа што речиси во секое правило има исклучоци, па неопходно е постојано да се потсетуваме на некои правила што се збунувачки и лесно се забораваат.

Во продолжение проследете 10 примери низ кои можете да тестирате колку добро ги познавате правилата за слеано или одделно пишување на зборовите.

Како правилно се пишува?

1. Најјужен дел или нај јужен дел

2. Фотокопија или фото-копија

3. Од страна или отстрана

4. Мајками или мајка ми

5. Кое што или коешто

6. Визит-карта или визиткарта

7. По малку или помалку

8. Не смее или несмее

9. Не сакајќи или несакајќи

10. Повеќепати или повеќе пати

На следната страна проверете ги точните одговори...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Квиз за сезнајковци: Одговорете ги прашањата без помош од Гугл Знаете ли колку ѕвезди има на знамето на Европската Унија? Знаете ли колку ѕв...
Квиз: Прашања поврзани со јануари што мора да ги знаете од општа култура Кој верски празник се слави во Македонија на 19 јануари? А на кој датум во 1981 ...
Географски квиз: На кои држави припаѓаат популарните острови? Знаете ли на која држава ѝ припаѓаат Хаваите или, пак, островот Хвар? Колку знае...
Квиз за страсни читатели: Погодете ги авторите на литературните класици Знаете ли кој го напишал романот „Клетници“? А, романот „Источно од рајот“? З...
Квиз: Колку реки во Македонија ќе погодите од измешаните букви? Не мора да сте експерти по географија за да погодите барем неколку од овие реки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg