Тест низ 10 прашања: Знаете ли каде се користи надреден знак во македонскиот јазик?
Знаете ли точно каде се употребува надредниот знак (`) во македонскиот јазик?
Под влијание на честата употреба на компјутери и електронски уреди, денес сè почесто се случува луѓето да ја избегнуваат употребата на надредниот знак. Знаете ли каде треба да го употребувате?
Тоа не е само обична цртичка, туку надредниот знак (`) е правописен знак што се користи во македонскиот стандарден јазик.
Во продолжение ве тестираме со 10 брзи прашања - како е точно?
1. Сè што сакав да ти кажам или Се што сакав да ти кажам;
2. Нас не нè викнаа или Нас нè не викнаа;
3. Мајка ѝ и рече или Мајка ѝ ѝ рече;
4. Ќерка и отиде во училиште или Ќерка ѝ отиде во училиште;
5. Не е злато се што сјае или Не е злато сè што сјае;
6. Сè уште помнам како се смеевме или Се уште помнам како сè смеевме
7. Нам ништо не ни рекоа или Нам ништо не нѝ рекоа;
8. Ништо не ѝ рече или Ништо не и рече
9. Не и дозволи да зборува или Не ѝ дозволи да зборува;
10. Татко и ја викна дома или Татко ѝ ја викна дома.