Брз тест по правопис: Каде треба да стои надредниот знак?
„Нас нѐ не носеа“ или „Нас не нѐ носеа“... На кое „не“ треба да стои надредниот знак? Дали добро се сеќавате на правописните правила што се учеа уште во основно образование? Тестирајте се низ 10 едноставни примери...
Колку од вас можат да се пофалат дека добро го владеат македонскиот правопис? Тестирајте се дали се сеќавате како правилно се користеше надредниот знак (`) во македонскиот јазик.
1. Сѐ што сакав да ти кажам или Се што сакав да ти кажам;
2. Нас нѐ не носеа во училиште или Нас не нѐ носеа во училиште;
3. Баба ѝ и дедо ѝ или Баба и ѝ дедо и;
4. Никој не ме виде или Никој нѐ ме виде;
5. На се сѐ смее или На сѐ се смее;
6. Дојде и ѝ шепна на уво или Дојде ѝ ѝ шепна на уво;
7. Баба ѝ ѝ подари нов фустан или Баба ѝ и подари нов фустан;
8. Се што ќе допре, ќе расипе или Сѐ што ќе допре, ќе расипе;
9. Никој нѐ не поканил да дојдеме или Никој не нѐ поканил да дојдеме;
10. Водата сѐ мие или Водата се мие.