Квиз: Ќе ги препознаете ли македонските култни филмови по само една реплика?
Се сеќавате ли од кој филм беа репликите: „Што сум кревал рака во вторник“ или „Бекни бе, ќе ми снема лента“?
Премиерата на првиот македонски филм „Фросина“ се одиграла пред речиси 70 години во 1952-ра година. Оттогаш па наваму, кај нас се снимени повеќе филмови кои оставиле печат на македонската кинематографија и се запаметени кај публиката.
„Тетовирање“, „Викенд на мртовци“ и „До балчак“ се само некои од култните македонски филмови, а ние искористивме реплики и од повеќе други познати домашни остварувања што биле мошне добро прифатени од публиката.
Ваша цел во овој краток квиз е да ги препознаете македонските филмови според само една позната реплика од него.
Дали сте од оние што редовно ги гледаат македонските филмови и ги помните сите реплики, или пак сте од оние што го гледале филмот некогаш, го помнат дејствието, но не и точните зборови?
Проверете во продолжение колку добро се сеќавате на домашните филмови и дали можеби е вистинско време да си ја освежите меморијата.