Тест: Нeважно vs. Важно
Ова што следи е филозофијата на Чарлс Шулц, творецот на Чарли Браун и Снупи. Не морате навистина да ги запишувате одговорите. Размислете и прочитајте...
...ја приказната до крај и ќе ја сфатите пораката.
1. Набројте ги 5-те најбогати луѓе на светот.
2. Набројте ги последните 5 светски прваци во фудбал.
3. Набројте ги имињата на последните 5 добитници на MTV Music Awards за најдобар пејач и пејачка.
4. Набројте 10- мина кои добиле Нобелова или Пулицерова награда.
5. Набројте ги добитниците на Оскар за најдобар актер и актерка во последните 5 години.
И, каков е резултатот?
Работата е во тоа што никој не ги помни вчерашните сензации. Тие не се губитници, туку најдобрите во својата област.
Но, славата исчезнува. Наградите го губат сјајот. Постигнувањата паѓаат во заборав. Пофалбите тонат заедно со нивните добитници.
Ова е уште еден квиз. Да видиме како ќе поминете овој пат:
1. Набројте 3 пријатели кои ви помогнале кога ви било тешко.
2. Набројте 5- мина од кои сте научиле нешто значајно во животот
3. Размислете за неколку луѓе кои направиле да се чувствувате важни, значајни
4. Набројте неколку луѓе чии СМС пораки и мејлови со нетрпение ги отворате
5. Сетете се на 5 пријатели со кои со задоволство се дружите.
Полесно беше?
Луѓето кои ви го прават животот поразличен не се оние со најмногу дипломи, најмногу пари или награди. Тоа се луѓето кои се грижат за вас.
Немојте да се грижите за можниот крај на светот денес. Во Австралија и онака веќе е утре! Целиот живот трае малку, зема многу, а дава малку. Затоа живеј и не мисли на криза затоа што животот е еден и нема реприза!